Винисиус Жуниор вчера ја продолжи „војната“ со Валенсија која трае од крајот на минатата сезона, а која донесе и судско сведочење од страна на Бразилецот кој вчера дал изјава во судот.
Ѕвездата на Реал Мадрид во своето излагање посочила дека ужива да ги провоцира противничките навивачи на секој натпревар кој го игра и додала дека тоа го користи како мотивација за себе, но во обраќањето уште еднаш нагласил дека цел стадион во Валенсија го нарекла „мајмун“.
Ова генерализирање од страна на Винисиус експресно наиде на жестока осуда од Валенсија како клуб и „лилјаците“ посочија дека Бразилецот дал лажна изјава, но доста подрски беа уредниците на најпознатиот медиум од овој град.
„Супердепорте“ му посвети сурова насловна страна на Винисиус, за кого илустративно посочи дека му расте носот од лагите кои ги употребил пред судијата во Валенсија.
– Пинокиус, – гласи новиот прекар кој му го додели „Супердепорте“ на Вини.
Esta es la #SUPERPortada 🗞🆕 de este viernes, 6 de octubre
'PINOCHIUS' 🤥#𝐋𝐚𝐂𝐚𝐬𝐚𝐃𝐞𝐥𝐃𝐞𝐩𝐨𝐫𝐭𝐞𝐕𝐚𝐥𝐞𝐧𝐜𝐢𝐚𝐧𝐨
📍 Clica en el enlace y hazte con tu versión digital
🔗 https://t.co/W6PTAmEmcf 🔗 pic.twitter.com/raMd4i4OQG
— Superdeporte (@superdeporte_es) October 5, 2023