вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Напаѓачот на белгиската фудбалска репрезентација се врати на тренинзи

Напаѓачот на белгиската фудбалска репрезентација се врати на тренинзи

Напаѓачот на белгиската фудбалска репрезентација и на италијанскиот гигант Интер, Ромелу Лукаку (29), се врати во тренажен процес, откако од крајот на август отсуствуваше од терените поради повредата на бедрата, јавија денеска италијанските медиуми.

Лукаку се врати на тренинзите точно еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да се појави во тимот в сабота на првенствениот натпревар против Фиорентина или четири денови подоцна во дуелот против Викторија Плзен во рамки на Лигата на шампиони.

Последниот натпревар Лукаку го одигра на 26 август во поразот на Интер од Лацио (1-3). (МИА)