Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети може да потпише нов договор со клубот, тврди новинарот Николо Шира.
Според него, раководството на клубот работи на продолжување на договорот со 63-годишниот Италијанец.
Наполитанците можат да ја активираат клаузулата за продолжување на договорот до 2024 година, но сакаат да преговараат за продолжување до 2025 година.
Наполи оваа сезона е на врвот на табелата во Серија А со 41 бод.