четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Натпреварите од ПМФЛ ќе се пренесуваат на Арена Спорт и на МТВ

Натпреварите од ПМФЛ ќе се пренесуваат на Арена Спорт и на МТВ

Во наредните две натпреварувачки сезони на регионалниот спортски канал „Арена Спорт“ како и на Македонската телевизија (МТВ) ќе се пренесуваат мечевите од Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во договор со 10 прволигашки клубови потпишаа нов двегодишен договор со регионалната платформа Арена спорт за телевизиските права на нашето првенство.

Во меѓувреме, Арена Спорт склучи договор со Македонска Радио Телевизија за соработка во производството на радиодифузен и сателитски сигнал, така што по два натпревари од секое коло директно ќе се пренесуваат на МТВ.

Како носител на ексклузивните права, Арена Спорт ќе има право да избере два натпревари кои секое коло ќе се пренесуваат директно на телевизијата.

Потсетување дека натпреварите од воведните кола не се емитуваа на ТВ со исклучок на мечевите на Вардар и Брера Струмица кои сами ги продадоа и преносите беа на „Спорт Клуб“.