недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Натпреварот Албанија – Полска беше прекинат 20 минути, домашните навивачи фрлаа шишиња кон Полјаците

Натпреварот Албанија – Полска беше прекинат 20 минути, домашните навивачи фрлаа шишиња кон Полјаците
FOTO: EPA-EFE/Malton Dibra

Квалификацискиот натпревар одигран за Светското фудбалско првенство 2022, Албанија – Полска, одигран синоќа во Тирана, беше привремено прекинат поради нереди на трибините.

Стрелецот на Полјаците Карол Швидерски го отвори резултатот во 77. минута. Репрезентативците на Полска го прославуваа голот кај корнер знамето кога домашните навивачи почнаа да фрлаат со шишиња кон нив.

Главниот судија Клемент Турпин ја прекина играта. Двата тима отидоа во соблекувалните. По 20 минути играчите се вратија на теренот и играта продолжи.

На крајот Полска победи со 1:0, а Албанскиот фудбалски сојуз го очекува казна од УЕФА.