Романски државјанин, навивач на Реал Мадрид се обиде да си го одземе животот со самозапалување по поразот на „Кралевите“ од Барселона во саботата со 0:3.
Според информациите во романските медиуми, засегнатиот човек се заклучил во својот дом, се полил со запалива течност и се запалил во обид да му стави крај на својот живот.
Животот на 70-годишниот радикален фан го спасила неговата сосетка која го видела чадот од неговиот стан и повикала противпожарна служба.
Подоцна, депримираниот навивач на Реал својот обид за самоубиство го објаснил со разочараноста од слабата игра на Реал Мадрид.