Сенегалскиот репрезентативец Садио Мане летово го напушти Ливерпул и реши кариерата да ја продолжи во Баерн. Мане ги изненади сите со тоа што реши да го напушти Ливерпул на крајот од минатата сезона, каде во претходните сезони играше во неверојатна форма и освои речиси се што можеше да се освои.
Мане одлично ја започна сезоната во Баерн и веќе е јасно дека клубот од Минхен доби навистина големо засилување бидејќи Сенегалецот успеа да постигне пет гола на само шест натпревари.
Sadio ❤️ pic.twitter.com/GkKvOb2lCp
— Watch LFC (@Watch_LFC) September 2, 2022
30-годишниот фудбалер потпиша договор со Баварците до летото 2025 година, но јасно е дека Ливерпул ќе остане во неговото срце бидејќи шест години го носеше дресот на англискиот клуб.
Колку Мане го сака и почитува Ливерпул најдобро покажа видеото кое синоќа се појави на социјалните мрежи.
Имено, додека им даваше автограми на навивачите на Баерн, еден од нив му го покажа на Мане знамето на Ливерпул за да може да го потпише, а реакцијата на Сенегалецот ги воодушеви навивачите на англискиот клуб.
Кога го видел знамето на својот поранешен клуб, Мане се насмеал и без проблем го ставил својот потпис иако сега е член на друг клуб.