четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачи го провоцираа Роналдо скандирајќи го името на Меси

Навивачи го провоцираа Роналдо скандирајќи го името на Меси

Во дербито на 20 коло во саудиското фудбалско првенство Ал Итихад го совлада Ал Наср, во чиј редови настапува Кристијано Роналдо, со 1-0 и го презеде водството на табелата.

Во последните моменти од натпреварот Роналдо имаше голема шанса за израмнување на резултатот, но неговиот удар го одбрани бразилскиот голман Марсело Гроха.

Навивачите на Ал Итихад го исмејуваа Роналдо за време на натпреварот скандирајќи го името на неговиот ривал Лионел Меси.

Роналдо, кој на последните два натпревари не постигна гол, фрустриран со трчање го напушти теренот удирајќи шише со вода на патот кон тунелот од стадионот.

„Разочарани сме од резултатот, но остануваме фокусирани на нашата сезона и натпреварите пред нас. Им благодарам на навивачите на Ал Наср за поддршката, знаеме дека можеме да сметаме на вас“, порача Португалецот Роналдо во објава на Твитер.