Навивачите на Ливерпул решија да организираат акција за собирање средства за трансфер на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе.
Навивачите планираат да соберат 250 милиони фунти.
– Има околу 100 милиони навивачи на Ливерпул во светот. Ако секој од нив учествува и донираш 2,5 фунти, ќе се соберат доволно пари за да го потпишеме Мбапе. Да ги здружиме силите, се вели во петицијата.
Собирањето средства се одвива на услугата „GoFundMe“ и досега за еден ден собрани се 250 илјади фунти.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на 22-годишниот Французин на 180 милиони евра.