Англискиот фудбалски тим Ливерпул ја продолжи одличната низа на резултати и врза шеста победа по ред во Премиер лигата, но истата беше одбележана и од чин кој брзо стана доста коментиран во англиската јавност.
На денот кога секрунисуваше кралот Чарлс Трети во кралското семејство, навивачите на Ливерпул јасно го искажаа своето незадоволство кон традиционалната хиерархија, па почетокот на натпреварот против Брентфорд беше навистина бурен.
Поради специјалниот чин во Вестминстерската Опатија, беше најавено дека на „Енфилд Роуд“ ќе биде интонирана англиската химна, но оваа епизода мина навистина непријатно.
Навивачите на Ливерпул се погрижија воопшто да не се слуша химната во која е опеана и кралското семејество, а имаше и жестоки транспаренти за крунисувањето на Чарлс Трети.
Couldn’t even hear the anthem. Best thing Anfield’s ever done👊🏻👊🏻 pic.twitter.com/d0ILoQlpJf
— All Everton (@AIlEverton) May 6, 2023