вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Наполи во тишина ќе го гледаат мечот со Милан?

Навивачите на Наполи во тишина ќе го гледаат мечот со Милан?

Навивачите на Наполи најавија дека тивко ќе протестираат против поскапувањата на билетите и безбедносните ограничувања на утрешниот натпревар од 28. коло со Милан на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Наполи е на првото место во Серија А со 71 бод, 19 повеќе од второпласираниот Лацио. До крајот на првенството ќе одиграат 11 натпревари.

Иако наполитанците речиси сигурно ќе ја освојат шампионската титула, која ја чекаат од 1990 година кога беа предводени од Диего Марадона, утре ќе ја немаат поддршката од најжестоките навивачи.

Ултрасите на Наполи беа суспендирани на два месеци од гостувањата на почетокот на оваа сезона, откако се судрија со навивачите на Рома во јануари. Суспензијата за двете навивачки групи заврши пред репрезентативната пауза.

„Помалку ултраси и повеќе семејства на стадионите. Но кои семејства? Со оглед на цените, само богатите ќе можат да дојдат“, напишаа навивачите на Наполи и најавија дека ќе се соберат на плоштадот во Неапол за да „создадат атмосфера која е забранета во стадионот“.