недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на ПСЖ го повикаа раководството да поднесе оставка

Навивачите на ПСЖ го повикаа раководството да поднесе оставка

Обединетите навивачите на ПСЖ, „Collectif Ultras Paris“, објавија отворено писмо во кое го критикува раководството на клубот.

– Ќе го изразиме нашето незадоволство и ќе ги замолиме сите навивачи на клубот да ни се придружат. Неприфатливото и неизбежно разочарување од кое предвидувавме и стравувавме, за жал, се оствари. Како се подготвувате за освојување на врвовите ако сезоната почнува во февруари, а играте пеш на домашните турнири? Како да се создаде вистински фудбалски проект ако тимот е само збир на „ѕвезди“ кои практично не се надополнуваат?

Зошто тренерот би бил почитуван во соблекувалната кога очигледно тој не е тој што ги носи одлуките? Од каде ви е желбата да превртите се за доброто на парижаните, ако почесто се појавувате на Модната недела отколку на средбите со сопствените обожаватели?

Нашето сеќавање не е кратко. Се сеќаваме колку му должиме на Насер Ал-Хелаифи, тука ништо лично, но очигледно тој не е погоден за функцијата претседател на клубот.

Актуелната ситуација во клубот бара целосна реорганизација на сите нивоа и секојдневно вклучување на претседателот. Нашиот ПСЖ заслужува луѓе кои му служат на клубот, а не го искористуваат тоа, се вели во соопштението на навивачите објавено од „РМС Спорт“.

Во средата Реал го победи ПСЖ со вкупни 3-2 и се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на шампионите. (МИА)