Реал Мадрид синоќа по пресврт го победи Реал Сосиедад со 2-1 во дербито од петтото коло на шпанска Примера и остана единствената екипа со максимален учинок. Но, она за што сите зборуваат од овој натпревар е ситуацијата од 84. минута и потегот на еден од помошните судии, кој ги шокираше сите на трибините, за што доби низа свирежи и навреди.
По еден неуспешен напад на Реал Сосиедад, топката излезе надвор од границите и Кепа требаше да ја врати во игра, но се обиде да одложи, по што помошниот судија направи тотално неочекуван потег. Тој истрча на теренот и му ја додаде топката на Кепи, а тоа предизвика револт кај навивачите на Реал.
Сепак, некои шпански медиуми пишуваат дека е воведено ново правило за да се спречи непотребното одложување на голманите кога нивниот тим е во водство. Помошниот судија има право му ја додаде топката на голманот за да може да ја врати во игра што е можно поскоро.
Сепак, на „Сантијаго Бернабеу“ не знаеја за оваа информација, а по натпреварот почнаа да ги критикуваат судиите и да тврдат дека прават сè за да го запрат Реал Мадрид на патот до титулата шпански првак.