четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Навивачите на Реал што го напуштија стадионот во 80. минута станаа хит на социјалните мрежи

Навивачите на Реал што го напуштија стадионот во 80. минута станаа хит на социјалните мрежи

Реал Мадрид со драматичен пресврт обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите со победата од 3:1 против Манчестер Сити по продолженијата. Махрез погоди за Манчестер Сити во 73. минута и во тој момент изгледаше дека за Реал веќе нема шанси.

Затоа дел од навивачите на „кралскиот клуб“ разочарани го напуштија стадионот. Но, тоа се покажа како голема грешка. Тие од надвор слушаа како потрпеливите навивачи се радуваат на пресвртот.

Тие мораа потоа на мобилните телефони да го гледаат финишот на регуларниот дел како и продолженијата затоа што спред регулативата, редарите и полицијата не смееја да ги пуштат повторно на трибините. Видеото од овие „несреќни“ навивачи набрзо стана хит на социјалните мрежи.