Аргентина не се прослави на 21. Светско фудбалско првенство во Русија каде дојде само до осминафиналето каде доживеа елиминација од Франција со 4-3.
На овој шампионат „гаучосите“ беа непрепознатливи, селекторот Хорхе Сампаоли влечеше чудни потези, а меѓу нив беше изоставувањето, малата минутажа на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.
Дибала го преседе на клупата најголемиот дел од мундијалот, односно доби само 22 минути и тоа на пресметката со Хрватска.
Сепак Дибала откако не доби големо внимание на СП, реши да го сврти своето внимание фарбајќи си ја косата, но во малку поинаква боја, погледнете.