Пари Сен Жермен доживеа елиминација во Лигата на шампионите, а еден од најголемите „виновници“ за пресвртот на Реал Мадрид е голманот Џанлуиџи Донарума, кој загуби топка во шеснаесетникот по што „кралевите“ израмнија на 1-1. Потоа набрзо се случи целиот пресврт со хет-трикот на Карим Бензема.
„Светците“ очигледно лошо го прифатија овој пораз, а Бразилецот Нејмар во соблекувалната му се нафрлил на Донарума.
Играчите на ПСЖ влегле во жешка расправија кој како го одиграл натпреварот. Нејмар му префрлил на Донарума за „глупавата“ грешка, а тој му возвратил дека се шетал по теренот и му дозволил на Модриќ да одработи противнапад за вториот гол на Реал Мадрид.
Вербалните пресметки за малку ќе прераснеле и во тепачка доколку двајцата не биле раздвоени од соиграчите.
Neymar & Donnarumma reportedly had a fight in the locker room.
– Olé pic.twitter.com/0uGeuVhOuJ
— Naijablogger (@Naijablogger) March 10, 2022