петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар ќе оди на операција, познати деталите околу неговата повреда

Нејмар ќе оди на операција, познати деталите околу неговата повреда

Бразилскиот фудбалер Нејмар се здоби со тешка повреда на натпреварот Уругвај – Бразил (2:0) во рамките на јужноамериканските квалификации за СП 2026.

Бразилската ѕвезда се повреди во судиското надополнување во првото полувреме, по дуелот со Уругвајски репрезентативец. Нејмар веднаш паднал на земја и побарал помош. Тој беше изнесен од теренот на носилки.

Ал Хилал, саудискиот клуб во кој дојде ова лето, објави детали за повредата. „Медицинските тестови кои ги направи Нејмар потврдија повреда на предните вкрстени лигаменти и менискусот на коленото.

Ќе биде опериран. Програмата за лекување ќе биде одредена подоцна“, објави Ал Хилал на социјалните мрежи со порака до Нејмар: „Врати се посилен.