Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар имал понуда од Реал Мадрид, но ја одбрал Барселона.
Бразилецот за неговиот трансфер во 2013 година од Сантос на „Камп ноу“ зборуваше денес на судско рочиште за случајот за корупција.
Дали учествувавте во преговори со Сантос за нов договор до 2014 година, додека претходниот беше со важност до 2015 година? Со новиот договор имате зголемено надоместок и плата, беа прашањата поставени до Нејмар.
– Татко ми го направи сето ова. Јас не учествував во преговорите и го потпишав тоа што го кажа.
За тоа дали добил понуди од други клубови покрај Барселона, Нејмар одговори:
„ Знаев за интересот од други клубови, но преселбата во Барса беше мојот сон. Во 2013 година решив да го напуштам Сантос и да заминам во Барселона. Имав многу опции, но уште од дете сонував да играм за Барса. Секогаш го следам моето срце. Се сеќавам дека имаше понуда од Реал Мадрид, но не се сеќавам на другите опции. Во последен момент морав да изберам помеѓу Реал Мадрид и Барса, но го послушав своето срце и ја избрав Барселона“.
За Нејмар постојано се шпекулира дека ќе се врати во Барселона, така беше и пред почетокот на сезонава. Но не се случи такво нешто и тој остана во Париз. (МИА)