среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар: Не знам дали ќе играм на уште едно СП

Нејмар: Не знам дали ќе играм на уште едно СП

Нејмар е играч кој треба да биде лидер на Бразил на СП и предводник на оваа генерација.

„Кариоките“ веќе две децении се без титула и ова е нова можност тоа да го променат, а за да се случи тоа дефинитивно Нејмар треба да биде на највисоко ниво. Ова воедно може да биде и последен мундијал на ѕвездата на ПСЖ иако има само 30 години.

-Ќе играм како да е последен. Зборувам со татко ми, секогаш разговараме, да го играме секој натпревар како да е последен бидејќи не знаеш што ќе се случи утре. Не можам да гарантирам дека ќе играм уште еден [Светски] куп. Искрено не знам. Ќе играм како да е последен. Можеби ќе играм, можеби не.  Ќе има промена на тренерот и не знам дали ќе бидам по мерка на наредниот, -порача Неј за „Глобо“