Лекарскиот преглед на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар не откри скршеница на ногата кај фудбалерот, пренесува „Ле Паризиен“.
Дваесет и осумгодишниот Бразилец се повреди синоќа на мечот од 14. коло на францускиот шампионат со Лион (0:1) по лизгачки старт на противничкиот играч за врска Тијаго Мендеш. Нејмар не можеше да го напушти теренот сам, беше однесен на носилка.
Според изворот, првичното испитување не открило скршеници. Во текот на денот тој ќе направи МНР по што ќе се знае степенот на повредата на левото стапало.
Нејмар оваа сезона одигра седум натпревари во Лига 1, постигна три гола и направи три асистенции.