сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар повторно ја тужи Барселона

Нејмар повторно ја тужи Барселона

Нејмар и Барселона се разделија во 2017 година, а три години подоцна фудбалерот повторно го тужи клубот.

„Мундо депортиво“ пренесува дека Нејмар по трет пат поднел тужба против Барселона. Овој пат Бразилецот бара 6,5 милиони евра поради данок на „фиктивни договори“ со клубот кои сам морал да ги плати. Дополнително и претходните два случаи не се решени.

Во овој момент Нејмар ја тужел Барселона за вкупно 38,6 милиони евра, претходните тужби се однесуваат на договор за лојалност кој тој го имал со клубот.

Интересно е што фудбалерот ја тужи Барса секогаш кога ќе пропадне обидот да се врати на „Ноу Камп“, а токму тоа е една од причините зошто неговиот трансфер е далеку од завршен. Имено, Барса барала од Нејмар тој да ги отфрли тужбите пред клубот да испрати понуда со ПСЖ, но Бразилецот не се откажува лесно од парите на кои смета дека има право.

За Барселона Нејмар играше до 2013 до 2017 години, забележа 105 голови на 186 натпревари.