Бразилците го завршија настапот на Светското првенство и тоа уште во четвртфиналето каде беа поразени од селекцијата на Хрватска.
Поразот донесе голема болка кај Бразилците, а еден од најпогодените е Нејмар кој не може да се соземе по елиминацијата.
-Јас сум психички уништен. Ова сигурно е поразот кој најмногу ме боли, поради кој останав парализиран 10 минути по натпреварот, по што се расплакав и не можев да запрам. За жал, ова ќе боли долго, долго. Се боревме до крај, горд сум на моите соиграчи бидејќи не недостасуваше труд и посветеност. Оваа група заслужи да оди понатаму, ние го заслуживме тоа, Бразил го заслужи… но, тоа не беше Божја волја. Благодарност до сите за поддршката на нашиот тим. За жал не успевме, порача напаѓачот на ПСЖ.