среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар за трансферот во Саудиска Арабија: Сите го нарекуваа Роналдо луд, но сега…

Нејмар за трансферот во Саудиска Арабија: Сите го нарекуваа Роналдо луд, но сега…

Нејмар се претвори во уште една голема фудбалска ѕвезда која ги прифати милионите од Саудиска Арабија и стави крај на својата авантура во Европа, а во првото интервју кое го даде за новиот клуб Ал Хилал, Бразилецот не пропушти да го нагласи значењето на Кристијано Роналдо.

Португалецот го означи стартот на трансфер лудориите од арапскиот свет и потпиша договор со Ал Наср уште на крајот на 2022-ра година, но до целосна експанзија додје ова лето, кога голем број фудбалери кои играа во Европа решија да го следат патот на Кристијано.

Нејмар е свесен дека Роналдо е човекот кој ја започна трансформацијата во саудискиот фудбал, па не заборави да нагласи дека јавноста го нарекувала и „луд“ за потегот кој тогаш изгледаше нелогичен.

– Компетитивноста е важна за мене и затоа се приклучувам на оваа лига. Очигледно е дека ова ќе биде многу различно за мене, но ова е нов предизвик за мене и се радувам на тоа.

– Сметам дека Кристијано Роналдо го започна сето ова, тој беше пионер и сите го нарекуваа луд, ваков или таков….. Но, сега гледаме дека лигата во Саудиска Арабија расте од ден во ден, – изјави Нејмар.