Владата во Велика Британија одлучи да го замрзне целиот имот на Роман Абрамович, а му забрани на Русинот да извршува и било какви трансакции.
Тоа значи дека и продажбата на Челси ќе биде стопирана, па клубот од Лондон во моментов е во „статус кво“ ситуација.
Играчите не смее да бидат продавани, не смеат да им бидат продолжувани договорите, клубот не смее да ангажира нови засилувања, а нема да има ниту гледачи на трибините, освен оние кои имаат сезонски билети.
Андреас Кристенсен веќе е договорен со Барселона, а ваквата одлука на британските власти ќе го натера и Аспиликуета да ја прифати понудата на „каталонците“. Од клубот дефинитивно ќе си замине и Антонио Ридигер за кого има интерес од три големи тимови.