четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невакцинираните фудбалери на Челзи нема да играат на гости кај Лил во ЛШ

Невакцинираните фудбалери на Челзи нема да играат на гости кај Лил во ЛШ

Фудбалерите на Челзи кои не се вакцинирани против КОВИД нема да можат да учествуваат на реваншот на
гостински натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лил, кој ќе се одржи на 16 март.

Во Франција сите спортисти кои учествуваат на натпревари во земјата мораат да бидат вакцинирани против коронавирусот.

Постоеше можност средбата да се префрли на неутрален терен, но УЕФА ја отфрли оваа можност со заострување на правилата за КОВИД.

Првиот натпревар помеѓу Челзи и Лил ќе се одигра во Лондон на 22 февруари.