сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

НЕВЕРОЈАТНА БРОЈКА: До ФИФА за финалето на Светското првенство поднесени ТРИ МИЛИОНИ барања за влезници

НЕВЕРОЈАТНА БРОЈКА: До ФИФА за финалето на Светското првенство поднесени ТРИ МИЛИОНИ барања за влезници

До Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) се поднесени три милиони барања за влезници за финалниот натпревар на Светското првенство, кое од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар.

Станува збор за рекорден број барања, иако цените се повисоки за 46 отсто во споредба со финалето пред четири години во Русија.

За натпреварите од групната фаза најмногу барања за влезници, околу 2.5 милиони, има за дуелот меѓу Аргентина и Мексико што ќе се игра на 26 ноември на стадионот Лусаил со капацитет од 60.000 седишта.

Ден претходно ќе се игра натпреварот меѓу Англија и САД на стадионот Ал Баит со капацитет од 60.000 места, и з а овој дуел до ФИФА се поднесени 1.4 милиони барања за билети. (МИА)