петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невидено досега, Реал Мадрид со две огромни клаузули ќе го „штити“ Мбапе

Невидено досега, Реал Мадрид со две огромни клаузули ќе го „штити“ Мбапе

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Реал Мадрид ќе вметне две огромни откупни клаузули во договорот на Реал Мадрид, една за клубови од Европа, и една уште побогата само за клубови од Саудиска Арабија.

И покрај тоа што во минатото Килијан Мбапе веќе еднаш го изигра Реал Мадрид, добар дел од медиумите и добро упатените во фудбалот се убедени дека Французинот следното лето ќе пристигне на Сантијаго Бернабеу.

Последните информации од Шпанија говорат за намерата на „кралевите“ да повлечат нетипичен потег.

Откупните клаузули се составен дел од договорите на фудбалерите, но во случајот на Килијан Мбапе, напаѓачот ќе добие две.

Првата ќе биде прилично стандардна, ќе изнесува 1 милијарда евра и ќе важи за клубови од Европа.

Втората ќе биде специјално наменета за Саудиска Арабија, па клубовите од оваа земја ќе треба да платат нешто повеќе доколку им текне да тргнат по потписот на Французинот, се шпекулира со бројката од 1,2 милијарди евра.

Арапите ова лето почнаа да се расфрлаат со пари со цел да привлечат што е можно повеќе квалитетни фудбалери и се очекува овој тренд да продолжи и во иднина, па Флорентино Перез сака дополнителна заштита.