понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Невил се сомнева дека Кејн играл повреден

Невил се сомнева дека Кејн играл повреден

Англиската јавност тешко ќе го преболи поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, а многумина сметаат дека капитенот Хари Кејн е еден од виновниците за поразот.

Меѓутоа, легендарниот англиски фудбалер Гери Невил излезе со тврдење дека најверојатно Кејн на Мундијалот играл повреден.

– Нема да ме изненади ако во следниот период чуеме за повредата на Кејн. Уште на второто полувреме против Колумбија отежнато се движеше, а против Шведска беше статичен. Тоа не е изговор, туку едноставно не делуваше добро, истакна Невил.

Тој го пофали резултатот на англиската репрезентација и истакна дека овој тим има голема перспектива.

– Пред три седмици јавноста немаше врска со овој тим и луѓето на нив гледаа со очај. Сега сите ги сакаат и играчите треба да бидат горди на тоа. Тие беа најмладата екипа на турнирот и сигурен сум доколку имаат повторно можност да стигнат до финале ќе ја искористат, наведе Невил.

Хрватска ја совлада Англија во полуфиналето со 2:1.

МИА