Реванш финалето од Копа Либертадорес конечно би требало да се одигра во Мадрид.
По ремито од 2:2 на „Бомбониера“, дуелот на „Монументал“ не е одигран поради нереди, па беше одлучено реваншот да се одигра далеку од Буенос Аирес и одлуката падна на Мадрид.
„Сантијаго Бернабеу“ ќе ги нагости двата најголеми аргентински клубови и двата лути ривали, иако оваа идеја не им се допадна на многумина.
Сепак, ниту далечниот Мадрид не ги спречи илјадниците навивачи на Ривер и Бока вечерва да ги бодрат своите тимови. Тие веќе пред два дена почнаа да пристигнуваат во шпанската престолнина.
Веќе синоќа дојде до првите „искри“, тензиите се зголемуваат, а се би можело да ескалира во текот на денешниот ден и по финалето, но сепак безбедноста во Мадрид е на далеку повисоко ниво.