Фудбалерот на Ливерпул Луис Дијаз ќе мора да паузира околу два месеци. Повредата која ја заработи на викендов дербито против Арсенал не е воопшто наивна, и тој ќе мора во следниот период ионтензивно да се лекува.
Дијаз имаше одлична серија на мечеви на стартот на сезонава и забележа четири гола и три асистенции, и ова ќе биде уште еден удар за Ливерпул кој се мачи на резултатски план сезонава.
Дијаз вклучувајќи го тука и Мундијалот во Катар ќе го нема во дресот на „Редси“ сигурно до нова година.