Уште една трагедија во Катар која ги затекна новинарите известувачи од Светското првенство 2022. Еден ден по смртта на американскиот новинар Грент Вал кој почина на трибините за време на пенал-серијата на мечот меѓу Аргентина и Холандија, уште една смрт на фоторепортер-новинар.
Фото-репортерот на локалната телевизија Ал Кас, Калид Ал Мусалам починал исто така за време на известувањето од натпреварите на Мундијалот. Кратко се пренесува дека починал ненадејно за време на извршување на своите службени должности на СП 2022.
قنوات الكاس تنعي وفاة خالد المسلم المصور بإدارة الإبداع، تغمده الله بواسع رحمته واسكنه فسيح جناته pic.twitter.com/OC3yo7o5lG
— قنوات الكاس (@alkasschannel) December 10, 2022
Претходно, како што е познато, Американецот Вал почина поради здравствени проблеми кои му се појавиле за време на Светското првенство, иако неговио брат тврди дека е убиен затоа што искажувач револт кон катарските власти а отворено пружајќи поддршка на ЛГБТ популацијата.