Фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез се здоби со „потенцијално сериозна“ повреда на тренингот на англиската репрезентација, јави Скај Спорт.
Гомез се повреди на тренинг пред пријателскиот натпревар против Република Ирска.
Повеќе за степенот на повредата ќе се знае по прес-конференцијата што треба да ја одржи селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Повредата на Гомез е нов проблем и за тренерот на англискиот шампион Јирген Клоп, кој поради повреди повеќе не може да смета на Вирџил ван Дајк и Фабињо. (МИА)