петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Новиот селектор на Шпанија на средба со Серхио Рамос

Новиот селектор на Шпанија на средба со Серхио Рамос

Новиот предводник на Шпанија, Луис де ла Фуенте, ќе има средба со Серхио Рамос и ќе разговара со дефанзивецот околу неговата иднина во репрезентацијата.

Шпанските медиуми веќе објавија дека е можно Рамос да се врати во тимот за квалификациите за ЕП 2024, меѓутоа ништо не е дефинирано. Селекторот и стоперот ќе имаат разговор за да дадат јасен став на темата.

Доколку Рамос се врати, ќе биде капитен на Шпанија. Играчот на ПСЖ нема да биде единствениот, Де Ла Фуенте ќе има разговор со сите искусни играчи за да го чуе нивното мислење за националниот тим.