среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Обамејанг дефинитивно во Челзи

Обамејанг дефинитивно во Челзи

Пјер Емерик Обамејанг дефинитивно се сели од Барселона во Челзи. По само половина година мината на Ноу Камп, интернационалецот од Габон си оди од Барселона и во трансфер вреден 15 милиони евра се сели во Лондон.

Иако Обамејанг стартуаше одлично во Барселона, следуваше трансферот на Левандовски летово, што автоматски значеше за габонецот клупа и резервна варијанта. Тоа нормално за играч како Обамејанг не е опција, па Челзи се појави во вистинско време со својата понуда.