петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Обамејанг објасни што значеше неговата чудна прослава против Реал

Обамејанг објасни што значеше неговата чудна прослава против Реал

Пјер Емерик Обамејанг вчера одигра фантастичен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Барселона против својот најголем ривал славеше со убедливи 4:0 и покажа дека се враќа на победничките патеки. Каталонците беа одлични во текот на целиот натпревар, а победата лесно можеше да биде и поубедлива со оглед на големиот број пропуштени прилики кои ги имаа.

Играч на натпреварот беше Обамејанг кој постигна два гола и уште еднаш покажа дека Барселона направи фантастичен потег со неговото доведување. Интересна беше сцената во која Обамејанг со мала кугла го прослави вториот гол.

Обамејанг истрча до корнер знаменцето каде што доби кугла од неговиот пријател и застана во интересна позиција, после натпреварот објасни какво значење имала таа негова прослава. Габонецот објасни дека станува збор за кугла како од култниот цртан филм „Драгон Бол“. Куглата во цртаниот филм служи за исполнување на желби, а неговата желба денес била да постигне гол и Барселона да победи која на крајот и му се исполни.