Официјално, Пјер Емерик Обамејанг е нов член на Олимпик Марсеј, на еден од најголемите клубови во Лига 1. Ова е и негово враќање во Франција, по цела една деценија кога од Сент – Етјен во таа 2013 година направи трансфер во Борусија Дортмунд.
Потоа кариерата го носеше во Арсенал, Барселона, Челзи а сега фудбалерот од Габон ќе игра на “Велодром“.
Обамејанг кој сега има 34 години, во Олимпик Марсеј дојде како слободен играч.