понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Објавата на Меси го „сруши“ интернетот

Објавата на Меси го „сруши“ интернетот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси објави фотографија со шампионскиот пехар. Во истиот момент беше јасно дека ќе го обиколи светот.

Меси на 36 години го освои единствениот трофеј што му недостигаше и со тоа според мнозинството се истакна како најдобар фудбалер на сите времиња.

„Ние сме светски шампиони! Толку пати го сонував, толку многу го посакував, не ми се верува… Благодарност до моето семејство, до сите што ме поддржаа и на сите што веруваа во нас. Уште еднаш ние демонстрираме дека сме Аргентинци, кога се бориме заедно и обединети, способни да го постигнеме она што го зацртавме, сонот на сите Аргентинци… Успеавме! Ајде Аргентина, е***е“, напиша Меси.

Во моментот оваа објава има дури 37,5 милиони лајкови и моментално е рангирана на третото место во историјата на Инстаграм.

Пред оваа објава е само неговата реклама за Луј Витон со Кристијано Роналдо, која беше објавена непосредно пред почетокот на Мундијалот, додека на врвот, верувале или не, се уште е фотографија од јајце.