Самуел Ето нокаутираше навивач по натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја. Славниот фудбалер, а сега и претседател на фудбалската федерација на Камерун направи скандал на Светското првенство и ја шокираше цела планета. Сега е откриено зошто, односно се знае што се случило и што му рекол алжирскиот јутјубер Саиду Мамуни кога пришол да го снима.
По се што се случило Мамуни отишол во полиција и го пријавил настанот кај надлежните. Тој објасни и што се случило.
„Јас сум во полициска станица за да поднесам жалба против Ето. Тој насилно ме удри, некој друг со него ме тепаше и ме турна, по што ми ја уништија камерата. Го прашав како Бакари Гасам, (африкански судија на Мундијал) бил и му дал поткуп, по проверката ме удри и ми ги уништи камерата и микрофонот. Знам дека ќе биде казнет овде во Катар затоа што е правна држава, ме удри по гради и лице, и ми беше повредена и раката“, рече Саиду.
Да потсетиме, медиумите пишуваа дека Ето претходно му понудил поткуп на овој судија и поради тоа на Камерунците им се закануваше исклучување од Мундијалот.