Голаманот на Атлетико Мадрид Јан Облак потврди дека неговиот клупски колега Филипе Луис ќе го напушти тимот и ќе замине во Пари Сен Жермен. Францускиот шампион покажал сериозен интерес за дефанзивецот, и се очекува договорот за трансферот да биде потврдени во наредните денови.
– Жално е, но мора да ја почитуваме неговата одлука. Ситуацијата е малку тажна. Ако ти се отвора ваква можност, тогаш мислиш на тоа. Без разлика каква ќе биде одлуката на одреден играч, ти треба да ја почитуваш, изјави голманот на Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ започнаа со реми во новата сезона во Ла Лига како гости на Валенсија (1:1). Бразилскиот дефанзивец го изгуби својот првотимски статус од Лука Ернандез , иако беше стартер во средбата со „лилјаците“, откако францускиот дефанзивец е казнет.
ПСЖ засилено бара замена за Јуриј Берчиче, кој си замина претходно летово. (МИА)