четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО – Давид Алаба нов играч на Реал Мадрид

ОФИЦИЈАЛНО  – Давид Алаба нов играч на Реал Мадрид

Шпанскиот Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на австрискиот репрезентативец и досегашен член на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Одличниот фудбалер од дефанзивата со „кралскиот клуб“ потпиша договор до јуни 2025 година, а неговата годишна плата ќе изнесува околу 12 милиони евра годишно.

– Реал Мадрид постигна договор со Давид Алаба кој ќе остане во нашиот клуб следните пет сезони. Давид Алаба ќе биде презентиран како нов играч на Реал Мадрид по неговиот настап на Европското првенство, -стои во краткото официјално соопштение на „кралскиот клуб“ по повод ангажманот на новиот фудбалер.