Реал Мадрид доби нов голман, Челзи доби нов играч од средниот ред.
Во Мадрид официјално пристигна Тибо Куртоа, додека во Лондон пристигна Матео Ковачиќ. Овие трансфери и двата клуба ги објавија на своите официјални сајтови.
Трансферот на Куртоа од Челзи во Реал ќе чини меѓу 35 и 40 милиони евра. Сините од Лондон долго време правеа проблеми за трансферот на Куртоа, чекаа да најдат вистинска замена, но влегувањето на Ковачиќ во приказната ги омекна луѓето од Лондон. А Куртоа го исполни својот син и потпиша за Реал Мадрид шестгодишен договор, до 2024 година.
Тој беше решен да замине во Реал, во Мадрид му живеат и децата, а за да го помогне трансферот тој одби и да тренира со Челзи и започна еден вид на штрајк. А кога и менаџерот изврши притисок трансферот се реализираше.
Од друга страна, покрај добрата оштета со оглед што Куртоа одби да го продолжи договорот, Челзи го доби и Матео Ковачиќ на најмалку една година.
Ковачиќ не беше задоволен од улогата во Реал Мадрид, а на Челзи му беше потребен таков играч, што сигурно ќе го направи Маурицио Сари многу задоволен.