сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Харт пристигна бесплатно кај Мурињо

Официјално: Харт пристигна бесплатно кај Мурињо

Поранешниот голман на Англија, Џо Харт, потпиша двегодишен договор со Тотенхем, објави лондонскиот клуб.

Харт беше слободен агент откако го напушти Барнли, за кого минатата сезона одигра само три натпревари.

Во последните две сезони, искусниот голман има регистрирано вкупно 24 натпревари во сите натпреварувања за сега поранешниот клуб.

Харт беше подложен на лекарски прегледи во понеделник и ќе се бори за позицијата резервен голман на Тотенхем со Пол Газанига, бидејќи Уго Лорис е првиот голман во тимот на Жозе Мурињо.

Англискиот голман запиша 75 натпревари за репрезентацијата. Тој двапати ги освои Премиер лигата и Лига купот со Манчестер Сити, и го има трофејот во ФА Купот.

Харт е второто засилување на Тотенхем во летниот преоден рок, по пристигнувањето на играчот од средниот ред Пјер-Емил Хојберг од Саутемптон.