четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Перишиќ пак со Конте, две години во Тотенхем

ОФИЦИЈАЛНО: Перишиќ пак со Конте, две години во Тотенхем

Екипата на Тотенхем договори големо засилување и потпиша договор со хрватскиот крилен играч Иван Перишиќ.

„Петлите“ под водство на Антонио Конте обезбедија пласман во Лигата на шампионите и веќе почнаа да формираат тим. Нова аквизиција е Перишиќ кој доаѓа од Интер како слободен играч, а со премиерлигашот потпиша двегодишен договор до 2024 година.

На Тотенхем му стана тренд да пазари од Серија А откако на кормилото е Конте. За 33-годишниот Хрват ова ќе биде прва авантура во Премиер лигата.

Перишиќ претходно покрај за Интер играше за Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Розеларе и Сошо.