Од денес и официјално започна продажбата на билетите за натпреварите на Македонија на претстојното Европско првенство, кое ова лето ќе се одржи ширум Европа.
Од УЕФА информираат од 17 мај, па сè до 26 мај, до 14:00 часот, секој македонски фан кој сака да ги следи настапите на селекцијата ќе може да аплицира за билет.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе обезбеди пристапни кодови за навивачите на веб-сајтот за влезници во УЕФА, кои претходно контактирале со федерацијата за продажба на билети. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.
Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт.
Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три дена, согласно кое при престој во Романија, Македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно.