среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Официјално: Арда Ѓулер нов фудбалер на Реал Мадрид

Официјално: Арда Ѓулер нов фудбалер на Реал Мадрид

Како и што беше најавено, Реал Мадрид и официјално потврди дека постигнале договор за трансфер на турскиот талент Арда Ѓулер.

Ѓулер беше голема желба и на Барселона, но Реал Мадрид во последен момент е вклучи во трката и успеа да го доведе. Висината на оштетата не се открива, но се очекува „кралевите“ да платата сума од околу 20 милиони евра.

Фудбалерот би требало да се обврзе на верност од шест години и уште летово би требало да биде дел од тимот од Мадрид, претходно се шпекулираше дека Реал ќе го остави уште една сезона на позајмица во Фенербахче, сепак тоа веројатно нема да се случи.