понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Огномет пред хотелот во 2 наутро за „кралевите“ да не склопат око пред дуелот со Ливерпул (ВИДЕО)

Огномет пред хотелот во 2 наутро за „кралевите“ да не склопат око пред дуелот со Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид немаа пријатна ноќ во Ливерпул, каде вечерва треба да истрчаат на „Енфилд Роуд“ во првиот осминафинален мел од Лигата на шампионите.

Фановите на англискиот клуб им приредија спектакуларен огномет на „кралевите“ пред хотелот во 2 часот наутро, со цел да го разбијат нивниот сон и можеби да ги оневозможат во пресрет на фудбалската пресметка.

Ливерпул нема победа во последните шест меѓусебни дуели против Реал Мадрид и се надева дека вечерва ќе ја прекине лошата серија.