сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Охрабрувачка вест од Минхен, повредата на Мане не е сериозна

Охрабрувачка вест од Минхен, повредата на Мане не е сериозна

Садио Мане, еден од најдобрите офанзивци во модерниот фудбал, предвреме го заврши натпреварот на неговиот Баерн Минхен против Вердер Бремен, откако поради повреда уште во 18 минута се упати кон соблекувалната.

Сликата од Минхен го загрижи фудбалскиот свет, бидејќи се ближи Светското првенство во Катар, но од редовите на германскиот шампион пристигнаа охрабрувачки вести. Помошник тренерот на Баерн, Дино Топмолер по натпреварот ја откри состојбата на повредата на Мане

„Тој беше погоден во ногата, што предизвика благо пореметување на нервот. Не е премногу сериозно и не треба да се доведува во прашање неговиот настап на Светското првенство“, изјави Топмолер.

Така Мане најверојатно ќе биде подготвен за дуелот со Холандија на 21 ноември. Сенегел во Катар уште ќе се судри со домашната селекција и Еквадор.