Репрезентативецот на Португалија и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо без влакна на јазикот зборуваше во ексклузивното интервју во емисијата „Без цензура“ за својот статус во клубот и случувањата со Тех Хаг.
Призна дека се чувствува како црна овца на „Олд Трафорд“ и смета дека клубот го предадал.
-Не е само во прашање тренерот, туку и други две, три момчиња во клубот кои се околу него. Не го почитувам Тен Хаг бидејќи тој не покажува почит кон мене. Ако немаш почитување кон мене, јас никогаш нема да го имам кон тебе, вели Роналдо.
Новинарот Пирс Морган го праша дали смета дека челниците на Јунајтед се обидуваат да го истераат од клубот.
BREAKING: I’ve interviewed Cristiano Ronaldo at length for my show @PiersUncensored ….
It’s the most explosive interview he’s ever given. Stand by for news at 10pm. pic.twitter.com/oK7gSXF0Dg— Piers Morgan (@piersmorgan) November 13, 2022
-Искрено, не би требало тоа да го кажам. Не знам…Но, слушај, не ми е грижа. Јас сум секогаш…Луѓето треба да ја слушнат вистината. Да, се слувствувам предадено и чувствувам дека некои луѓе не ме сакаат тука, не само оваа, туку и претходната година, вели Роналдо кој се осврна и на критиките на поранешниот соиграч Вејн Руни.
-Не знам зошт така жестоко ме критикува. Веројатно атоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам, подобро од него, што е точно, насмевнувајќи се кажал Рналдо.
Тој вели дека Јунајтед му е и натаму во срцето, но дека клубот очигледно оди во погрешна насока.
-По Сер Алекс Фергусон во Јунајтед повеќе ништо не е исто и како што треба. Го сакам Манчестер Јунајтед, ги сакам навивачите, тие секогаш се на мојата страна. Но, ако сакаат поинаку, мора да променат многу, многу работи. Некогаш треба нешто да уништите за да го изградите повторно и ако почнат со мене, за мене тоа не е проблем.
По ова интервју стана јасно дека Роналдо по Мундијалот во Катар ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“.