понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Откриени шокантни детали за последните моменти на Астори, фудбалерот можел да биде спасен

Откриени шокантни детали за последните моменти на Астори, фудбалерот можел да биде спасен

Капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина сам во хотелската соба на четврти март, пред натпреварот против Удинезе во Серија А, доколку имал цимер ќе можело да реагира и да му го спаси животот.

Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, повикувајќи се на нови детали од обдукцијата, објави дека 31-годишниот фудбалер починал од тахикардија, односно забрзана работа на срцето над физиолошки издржливи граници.

Првично беше соопштено дека Астори починал во сон од брадикардија, односно од намалување на бројот на отчукувања на срцето.

– Не сакам да прејудициам ништо, можам само да кажам дека некои досиеа се повторно отворени. Моите колеги работат на тоа, а наскоро ќе одлучиме дали ќе го затвориме случајот или ќе продолжиме, истакна јавниот обвинител од Удине, Антонио ди Николо.

Според тврдењата на весникот, Астори „најверојатно се разбудил и би можел да биде спасен, доколку имало некој со него во собата, кој би го повикал медицинскиот тим“.

МИА