четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ова биле првите зборови на Ериксен: Докторот кој го спаси откри што се случувало на теренот

Ова биле првите зборови на Ериксен: Докторот кој го спаси откри што се случувало на теренот

Германскиот лекар Ханс Клајнфилд кој се најде во тимот лекари чија цел беше да му помогнат на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен по падот на теренот, ја опиша комуникацијата со играчот.

Докторот за „Функе медиагруп“ откри дека Ериксен се разбудил многу брзо по првиот шок од дефибрилаторот.

-Околу 30 секунди подоцна ги отвори очите и можев да разговарам со него. Беше тоа трогателен момент. Во такви итни медицински интервенции во секојдневниот живот, шансите за успех се мали, истакна Клајнфилд.

Потоа лекарот утврдил дека Ериксен се вратил назад и го прашал дали е добро, на што Данецот дал позитивен одговор, а потоа рекол:

-Проклетство, имам само 29 години…

Ова за Клајнфилд и лекарскиот тим значело дека првично Ериксен е добро, иако сите опции биле можни.